Домашни маски на лицето

Освен редовната употреба да хидратантен крем, препорачливо е најмалку еднаш неделно да си направите природна маска за лице. Еве неколку рецепти за нежна нега на кожата без користење на хемикалии:

Сува кожа: маска од авокадо, морков и маслиново масло

Тоа е лесно и дома! Сите што ви треба е ...

Сувата кожа е најзасегната од зимскиот студ. За да го освежите, омекнете и разнежните вашето лице, направете си маска од најпрепорачливата состојка за нега на сува кожа – авокадото.

½ авокадо
1 голем морков
1 мала лажичка маслиново масло
Сварете го морковот и испрасирајте го. Издлабете го авокадото, помешајте го со морковот, додајте една лажичка маслиново масло и добро испрасирајте ја смесата.

Нанесете ја маската на чисто лице и оставете ја да стои 15 минути. Измијте со млака вода.

Мрсна кожа: маска од тиква, лимон, мед и јајце

Тоа е лесно и дома! Сите што ви треба е ...

Мрсната кожа е голем предизвик во кое било годишно време, не само во зима. Еден од најдобрите домашни третмани за мрсна кожа е маската со тиква. Тиквата е богата со цинк, кој ја контролира масноста на кожата и помага во намалувањето на видливоста на флеките од акни. Тиквата овозможува и нежна ексфолијација на кожата, без да се користат абразивни честички.

2 големи лажици ситно рендана тиква
1 мала лажичка сок од лимон
1 белка од јајце
1 голема лажица мед
Во мал сад измешајте ги состојките и промешајте добро со виљушка или миксер. На чиста кожа нанесете тенок слој од смесата, избегнувајќи ја областа околу очите. Оставете ја маската да дејствува 15-20 минути.

Нормална кожа: маска од лимон и јогурт

Подмладување на кожата дома! Тајната е во ...

Исчистете ги порите на лицето на природен начин со помош на мешавина од сок од лимон и јогурт. Невообичаената смеса ќе ви помогне да добиете почиста и посвежа кожа на лицето.

1 мала лажичка сок од лимон
2 мали лажички јогурт
Откако ќе ги измешате јогуртот и сокот од лимон, нанесете ги на кожата со кружни движења. Нежната масажа ќе ви помогне и да ја подобрите циркулацијата и да се здобиете со здрав блесок. Оставете ја маската на лицето 10-тина минути.

За сите типови кожа: маска од јаболко, морков и маслиново масло

Подмладување на кожата дома! Тајната е во ...

Доколку сакате нежен третман за вашата кожа, направете богат микс од јаболко, морков и маслиново масло.

2 големи лажици ситно рендано јаболко
2 големи лажици ситно рендан морков
1 мала лажица маслиново масло
Затоплете го маслиновото масло, но внимавајте да не биде жешко. Додајте ги морковот и јаболкото и измешајте. Нанесете ја маската на чиста кожа и оставете ја да дејствува дваесетина минути. Измијте со топла вода.

Popular Today

Never Miss A Post!